Евидентирајте го целиот производствен процес
Имајте увид во произведените количини на ниво на цела компанија но и поединечно за секој вработен.
Воведете систем кој ке ја зголеми продуктивноста на вработените
Мерливоста на процесите овозможува и нивно следење а при тоа и превземање на соодветни мерки. Tracking tool ви овозможуба прецизен увид во сите фази од производствениот процес како на ниво на цела компанија така и за секој вработен поединечно.
Мерливост на процесите
За да знаеме што се случува во секоја компанија задолжително е да се воведе систем кој ке овозможи прецизно мерење на тоа кој колку и како сработил.
Системот на tracking tool функционира така што прцесот на производство се дели по фази,а за секоја фаза има претходно дефинирана норма.
На тој начин имаме увид во тоа кој колку има завршено за претходно одбраниот период.
Обработка на податоците
По внесувањето сите податоци автомацки се обработуваат а вие имате прецизни и точни параметри за секој производ поединечно.
Така на пример во секое време знаете која е производствената цена на секој производ,колкав дел припаѓа на репроматеријалите и суровините а колкав дел на работната рака.
Зголемување на продуктивноста
Откако претходно сте ги дефинирале сите процеси во вашето производство,и автоматизирано ги добивате сите потребни податоци, многу лесно можете да донесете правилни одлуки за тоа какви чекори треба да преземете за подобрување на продуктивноста.
Констатирајки каде имате тесно грло веке сте на чекор до решавањето на проблемот кој ви прави застој во работењето.
Заштедете време и ресурси
Повеќе не ви се потребни никакви белешки во нотеси нити ексел табели. Платформата tracking tool ви овозможува 100% дигитализирани процеси.Не морате повеќе рачно да правите пресметки ниту пак да ги чувате податоци на повеќе места.